На 14.12.2009 година, околу 14,00 часот, во Струга, на ул. „Борис Кидрич“, во врска со претходно меѓусебно недоразбирање, пријавениот управувајќи ПМВ „БМВ“ го удрил А.Ф.(27) од Струга, кој во моментот се движел пеш надвор од сообраќајната лента, а потоа движејќи се со возилото наназад уште еднаш го прегазил А.Ф. и го напуштил местото на настанот. Извршен е увид на местото на настанот, А.Ф е пренесен во МЦ-Струга, каде се констатирани тешки телесни повреди, а поради сериозноста на повредите е пренесен и задржан во Клинички Центар-Скопје.
Истражен судија на пријавениот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена, соопшти МВР.