Се разгледува опцијата за забрана за поднесување барања за вадење пасоши поради недостиг на обрасци во целата земја. Како што рече, денеска, на прес конференција техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, се разгледува можноста системот да се стави надвор од функција одреден период поради огромниот број веќе поднесени барања, на кои не може да се одговори.

  • До овој момент во редовна постапка веќе има поднесено 16.500 барања за пасош. За итна постапка има поднесено 650 барања. Резерва имаме уште околу 3.600/3.700 обрасци за патни исправи. Со оглед на сериозноста на проблемот стапивме во контакт со компанијата Веридос и со германската амбасада, а изготвивме и информација до Владата. Баравме Владата да најде начин за надминување на состојбата со оглед на тоа што се работи веќе за проблем на ниво на држава, но не наидовме на разбирање. Владата го врати проблемот на решавање во МВР. Денес ќе имаме нови обиди за наоѓање решение, ќе разговараме и за методологијата, која е при крај, приоритет ќе имаат здравствените случаи, таква е состојбата во моментот“, рече министерот Чулев.

Новата набавка на 100.000 обрасци за пасоши се очекува на 24 март, но како што велат од МВР се издејствувало тие да стигнат десет дена до две недели порано.

OhridNews