Mанифестацијата „Охридска софра“, која утре по втор пат требаше да се одржи во селото Скребатно, се одложува. Причина за одложувањето е немилиот настан кој синоќа се случи во Охрид, при што беа убиени две лица.
Како што информираат организаторите на манифестацијата, за новиот датум на одржување, јавноста дополнително ќе биде информирана.
Инаку, манифестацијата „Охридска софра“ е во организација на општина Охрид, а под покровителство на Министерството за култура на Република Македонија како дел од проектот „Топол културен бран“.
OhridNews