Поради неповолните временски услови се одложува настанот во рамки на кампањата „Подај рака и промени живот, стани згрижувач“ која денес требаше да се одржи во Охрид на Градскиот плоштад информираат од Општина Охрид. Дополнително, велат ќе биде определн денот и терминот за одржување.

Кампањата е наменета за промоција на згрижување, а има за цел да се зголеми бројот на згрижувачки семејства во земјата. Во скоп на промоцијата предвидено е пред заинтересираните граѓани да се презентираат придобивките од згрижување и начинот на кој можете да станете згрижувач.

Згрижувачите добиваат услуга на стручна помош и поддршка преку центри за поддршка за згрижувачки семејства, но и месечен надомест за згрижено дете, надомест за згрижувач, како и други придобивки, согласно потребите на децата за кои се грижат.

За сите кои се заинтересирани да станат згрижувачи можат повеќе информации за тоа како да станат згрижувач да добијат и на телефонскиот број 075/277-477 и веб страната http://www.zgrizuvanje.mk.

Националната кампања се спроведува од страна на СОС Детско село, во соработка со Центрите за поддршка на згрижувачки семејства ,,11 Октомври” и ,,Битола”, Министерството за труд и социјална политика и локалните самоуправи, а овозможена е од страна на Германското министерство за економски развој и соработка.

OhridNews