Најмалку 140.000 домаќинства во Франција останаа без електрична енергија, поради силното невреме што зафати делови од Франција, а голем број патишта беа блокирани поради паднати стебла. Во источниот дел од земјата има и поплави поради силната бура.

Ударите на ветрот достигнаа брзина од 160 километри на час. Бурата се движи кон внатрешноста во земјата и нејзиниот интензитет е послаб, соопшти националната метеоролошка служба.