Полициски службеници од СВР Охрид вчера попладне лишиле од слобода 60-годишен охриѓанец.

Приведувањето уследи по претходна пријава дека околу 16.30 часот во селото Велмеј, општина Дебрца, тој се обидел со остар предмет да нападне 55-годишен жител на селото, а се заканувал и на неговата сопруга, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

OhridNews