Поради одрон на карпа кај кичевското село Малковец, од попладнево од 18 часот сообраќајот на патниот правец Кичево-Охрид на ова место се одвива само по една коловозна лента.

Како што соопшти АМСМ на терен е излезена екипа на единицата за Безбедност на патниот сообраќај – Кичево.

На останатите патни правци сообраќајот се одвива непречено по наместа влажни коловози со умерен интензитет надвор од градските средини.

Од вторник, па во следните шест месеци регионалниот пат Струга – Дебар ќе биде целосно затворан за сообраќај во периодот од 10 до 14 часот, поради градежни активности за санација на свлечишта на кај селата Глобочица и Луково.

OhridNews