Тоа значи дека секој кој ќе сака да се движи во границите на паркот ќе мора да добие соодветно одобрение од дирекцијата за престој или посета на паркот. Овие одобренија се издаваат во дирекцијата, а за сите информации посетителите можат да се информираат на телефонот 046/ 261 473, информираат од НП „Галичица“.
Дирекцијата на паркот апелира до граѓаните да ја почитуваат воведената делумна забрана за движење во шумите. Согласно Законот за шуми, казната за физичките лица кои нема да ја почитуваат забраната, односно кои ќе се затекнат како се движат во шума без дадено одобрение од страна дирекцијата на паркот, се движи од 2 до 3 илјади евра.
Исто така се потсетуваат земјоделците дека е забрането палењето на стрништата. Според Законот за ловство казната за палење на стрниште,плевели и други растителни отпадоци се движи од 6 до 8 илјади евра за правни лица и од 1,5 до 3 илјади евра за физички лица. Освен казните за сторениот прекршок, сторителот ќе треба да ја надомести и штетата.