Мерките на СВР Охрид, се насочени кон обезбедување на објектите и просторот за време на посетата на високата делегација и во функција на непречено одвивање на оваа значајна средба , а во контекст на натамошно одржување на стабилна и поволна безбедносна состојба на подрачјето.
Заради безбедно движење на делегацијата и возилата под придружба, на одредени патни правци и сообракајници, привремено ќе биде ограничено движењето на моторни и друг вид на возила со физичко регулирање на сообраќајот.
Во тек се мерките за сообракајно обезбедување кои се одвиваат со писмени предупредувања на сите паркирани патнички и други моторни возила по должината на Булеварот „Туристичка„ На овој но и на неколку други сообакајници, нема да биде дозволено запирање или паркирање на моторни возила. Предвидено е отстранување на неправилно паркирани патнички и друг вид моторни возила како и на оставени предмети од сообракајните површини.
Имајќи го во вид значењето на настанот, од СВР до граѓаните апелираат на исклучива нужност во користењето на сопствените патнички и други моторни возила.