Полицаец вработен во струшката Полициска станица ќе се соочи со парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од четири месеци, затоа што го нарушил јавниот ред и мир со тепачка.

Парични казни им се изречени и на двајца полициски службеници вработени во Полициската станица за граничен премин Ќафасан. Првиот поради злоупотреба на службената должност- барање поткуп, а другиот поради непријавување дека колегата примил поткуп.

Поради примање поткуп, на полициски службеник од истата полициска станица изречена му е мерка „отказ“ .

Како што информираат од министерството за внатрешни работи, во текот на изминатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 24 решенија против 24 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето.

Притоа, на 15 вработени изречена им е мерка парична казна, на петмина вработени им е изречена мерка запирање на постапката, на двајца мерка – отказ и на по еден вработен изречена им е мерка предупредување и условен отказ.

OhridNews