Поради преоптовареност на серверот, предизвикана од големиот број посети во текот на вчерашниот ден, врската со интернет порталот Ohridnews беше во прекин речиси 10 часа.

Зголемиот интерес на посетителите предизвикан од одредени настани кои вчера беа топ тема, не само во Охрид, туку и во Македонија, предизвика преоптоварување на системот, кој со интервенција на техничката служба одново е ставен во функција. Вообичаените содржини ќе бидат ажурирани во најкус можен рок и одново ќе и бидат достапни на јавноста брзо, точно и проверено, како што впрочем сте навикнале од нас.

Редакцијата на Ohridnews на читателите им се извинува за ненамерниот прекин на врската и воедно изразува  благодарност за нивното разбирање.

Од редакцијата