На Градскиот стадион во Струга, вчера, при одигрување фудбалски натпревар помеѓу ФК „ Караорман“ и ФК „ Влазними “, откако судијата досудил пенал за домашната екипа, играч од ФК „ Влазними“, станал од клупата за резервни играчи и го нападнал судијата, удирајќи го со тупаница во пределот на лицето. Во истиот момент, судијата го прекинал натпреварот.

По целосно расчистување и документирање на настанот против сторителот ќе следи соодветен поднесок.

OhridNews