Фудбалерот на Лос Анџелес Галакси, Александар Катаи може да добие отказ во клубот поради расиситичките коментари на неговата сопруга, Теа. Во САД девет дена траат протестите поради убиството на Џорџ Флојд. Флојд е убиен во Минеаполис од страна на полицаец.

Поради тоа луѓето протестираат во голем број на градови во САД. Протестите често се насилни, демонстрантите вршат грабежи по продавниците и влегуваат со судири полицијата.

На „Инстаграм“ Теа Катаи напишала: „Убиј ги го….а“ и „Важни се најки патиките“ (алудирајќи дека луѓето ограбуваат продавници).

Поради нејзините коментари се огласија нејзиниот сопруг и фудбалскиот клуб Лос Анџелес Галакси.

Објавите на социјалните мрежи се неприфатливи. Не делам таткви погеди кон светот, тоа не се толерира во моето семејство. Го осудувам расизмот, насилството против луѓето со поинаква боја на кожата. Ова е грешка на моето семејство и ја преземам одговорноста. Ќе се погрижам јас и моето семејство да преземемем важни чекори за да научиме да ја разбереме и слушнеме црномурната заедница. Јасно ми е дека ќе треба да помине некое време за повторно да ја заслужам довербата на луѓето од Лос Анџелес. научам од овие грешки, подготвен сум напорно да работам и да станам подобар сојузник и застапник во борбата за еднаквост. Жалам поради болката која му е нанесена на Лос Анџелес и на сите кои се борат против расизмот. – изјавил фудбалерот.

Клубот најави состанок со фудбалерот и неговата сопруга на кој ќе одлучат дали и како ќе ја продолжат соработката.

OhridNews