Поради раздружувањето Проаква досега загуби 800.000 евра
23.03.07 08:47
Иницијативата за радружување на меѓуопштинското јавно претпријатие Проаква досега го чини 800.000 евра. Толку пари странските донатори и кредитори замрзнаа досега незадоволни од одлуката за поделба на јавното п-тие.
Поради неадекватната постапка за раздружување што ја иницираа општините Струга и Охрид, швајцарската влада ја суспендира помошта од 650.000 евра за меѓуопштинското јавно претпријатие Проаква со која требаше да се изградат 6 пумпни станици на источниот брег од Охридското Езеро.
Вршителот на должност директор на МЈП Проаква, Бранко Трпчески потврди дека е прекината швајцарската донација.
“Се работи за опрема за колекторскиот систем кој веќе е стар 20 година и е амортизиран. Потребно е освежување на системот така што во случајот опремата ни е е неопходна“, рече Трпчески кој изрази надеж дека владата ќе помогне во разубедувањето на швајцарците да не ја повлекуваат помошта.
Државниот секретар во министерството за животна средина Дејан Паноски, рече дека министертвото ќе се заложи во надминувањето на проблемот, но очекува позитивен однос од двете локални самоуправи кон прроблемот со што ќе се овозможи повторно отворање на швајцарската помош.
И покрај предупредувањата од експертите дека радружувањето ќе предизвика сериозни последици, општините Струга и Охрид ја отпочнаа поделбатата на МЈП Проаква. Поради тоа КФВ банката од Франкфурт ги замрзна средствата од кредитот во висина од 250.000 евра, а швајцарската влада испораката на опремата вредна 650.000 евра. И покрај јасните пораки од странските инвеститори на чие инсистирање во 1999 година беше формирано меѓуопштинско ЈП-је, општините не отстапуваат од намерата за поделба на Проаква, бидејќи сметаат дека јавното претпријатие не може да опстане во сегашната форма.
Според најавите МЈП Проаква треба да се подели на три работни единици, водовод Охрид, водовод Струга и посебно претпријатие кое ќе управува со колекторот и кое ќе биде во сопственост на државата.
Синоќа во 2220 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, во охридското село Велгошти, од слобода лишиле 45-годишно лице од Охрид При извршен преглед, кај негп пронајд...
Во време кога интернетот во Македонија сè уште ги правеше првите чекори, во 2006 година се појави портал што ги постави темелите на новото, дигитално новинарство Таа година беше роден OhridNewscom ...
Чествувањата по повод празникот на патронот на градот – Св Климент Охридски, продолжуваат денеска на пладне со Фолклорна смотра на ансамблите од Југозападниот регион, што ќе се одржи во НУЦК ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.