Јавното претпријате „Нискогрдба“ денеска ќе врши санирање на оштетените делови на ул. „Илинденска“ на потегот од црквата св.Софија до Горна Порта. Поради наведените активности ќе биде отежнато  движењето на овој дел од патот.


OhridNews неодамна објави сторија за сериозните оштетувања на старата калдрма на улицата „Илинденска“, која е една од најфрекфентните  во стариот дел на Охрид. На одредени делови има големи вдлабнатини, а на места каменот е излезен од своите лежишта. Оваа улица кога била изградена не била предвидена за толкав интензитет на сообраќај, а  тука неретко поминуваат и камиони кои разнесуваат стока по околните дуќани, но и градежни материјали до локациите за градба.

OhridNews
фото: Емилио