Од Ј.П.”Охридски Комуналец” информираат дека на 16- ти и 17- ти ноември, во периодот од 6 до 10 часот на улицата “Димитар Влахов”, на потегот од Општина Охрид до пресекот со улицата “Македонски Просветители” ќе се врши сечење на дрворедот од липи.

Од јавното претпријатие упатуваат апел до граѓаните, во наведените термини да не ги паркираат своите возила на овој потег од улицата, со цел непречено изведување на активностите околу сечењето на садниците.

OhridNews