Германската авиокомпанија „Луфтханза“, откажа околу 700 лета поради штрајкот на екипажот, кој почна вчера. Најавено е дека штрајкот ќе трае 48 часа. Со тоа се погодени речиси 180.000 патници, соопшти компанијата.

Синдикатот организира штрајк за спорот со „Луфтханза“ во врска со платите и правниот статус на синдикатот. Иако штрајкот треба да заврши денеска, од компанијата соопштија дека и утре ќе има последици во листата на летови бидејќи некои авиони и екипажи треба да се вратат на соодветните локации.

Синдикатот ги заштитува интересите на речиси 21 илјада вработени во „Луфтханза“.

OhridNews