По синоќешниот силен ветар, вработени од „Јавна Хигиена“ уште од раните утрински часови се на терен со цел да ги расчистат јавните површини од паднати листови од дрвата, како и градскиот кеј од натрупаниот отпад.

Паднатиот лист  се подига од сите улици, независно од категоријата на улицата, во централното подрачје и периферните делови од градот. Се расчистуваат тротоарите, коловозите и другите јавни површини.

Силниот бран на кејот исфрли големи количини отпад кои во текот на денот се расчистуваат.

OhridNews