Поради густата магла која ја зафати скопската котлина, а која предизвика намалена видливост, на Меѓународниот Аеродром Скопје, и денеска има откажани и пренасочени летови.

Поради маглата која и денеска, 21 декември 2025 година, е присутна во скопската котлина, на Меѓународниот Аеродром Скопје има намалена видливост што резултираше, во периодот од 00:00 часот на полноќ до 12 часот напладне, авиокомпаниите да откажат 20 лета и да пренасочат 1 лет. По 11 часот слетаa авионите од Дортмунд и од Виена, а во моментов се очекува да полета авионот за Хамбург, соопшти ТАВ Македонија..

Бидејќи временските услови се менуваат постојано, апелираме до сите патници да ги следат информациите и насоките за нивните летови кои ги добиваат од авиокомпанијата со која летаат.

За патниците и јавноста би сакале да појасниме дека Меѓународниот Аеродром Скопје не е затворен.

Аеродромот е постојано отворен, без разлика на временските прилики, а нашиот персонал е подготвен да ги прифати, услужи и испрати и авионите и патниците, соопшти ТАВ Македонија.

Согласно временската прогноза која ни стигнува од Метео-службата на М-НАВ, намалена видливост се очекува и во преостанатиот дел од денов, како и во текот на утрешниот ден.

Сепак, со оглед на тоа што временските услови се менуваат постојано и секоја авиокомпанија има свој праг на толеранција на намалена видливост, апелираме до сите патници да ги следат информациите и насоките за нивните летови кои ги добиваат од нивната авиокомпанија.

За патниците и јавноста повторуваме – Меѓународниот Аеродром Скопје не е затворен.

Аеродромот е отворен, без разлика на временските прилики. Нашиот персонал, со нашата аеродромска опрема и аеродромски системи се подготвени да ги услужат и авионите и патниците.

Би сакале да појасниме дека аеродром се затвора само со посебна одлука при што се испраќа авијациска порака НОТАМ до сите чинители во авиосообраќајот, а тоа се прави само во исклучителни ситуации кога некој капацитет на аеродромот поврзан со опслугата на авионите не е во функција, или пак ако станува збор за општа вонредна состојба,.

ТАВ Македонија

Проблеми со маглата на Скопскиот аеродром имаше и вчера кога имаше 16 откажани и 11 пренасочени летови.

Дел од пренасочените летови од аеродромот во Скопје вчера беа прифатени од Охридскиот аеродром, каде засега нема проблеми со маглата која деновиве е надвисната над земјава.

На веб-страниците на на Меѓународниот Аеродром Скопје (https://skp.airports.com.mk/) и аеродромот „Св. Апостол Павле – Охрид, сите промени во редовниот распоред на летање се ажурираат во реално време, информира ТАВ Македонија.

Г.М.
Фото: Архива