Утрово октомвриски снег и на планината Галичица. Од НП Галичица со информација дека поради снежните наноси патот преку Галичица е непрооден.

Ве информираме дека заради снежен намет, патот преку Галичица е непрооден! – информираат од НП Галичица. 

Снег има на дел од повисоките места во земјава. Според УХМР на планините во западните и во североисточните делови (над околу 1000 м.н.в.) врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка од 10 до 15 см.

OhridNews