Колона долга повеќе километри се создаде попладнево на патниот правец Св. Наум – Охрид. Причина e сообраќајна незгода што се случила кај населбата Рача. Од полицијата кусо информираа дека сообраќајна незгода не е голема и дека не можат да соопштат повеќе детали, освен дека увидот на местото на настанот е при крај.

Поради незгодата сообраќајот на овој патен правец речиси e парализиран и се одвива бавно со наизменично пропуштање на возилата. Дополнителен проблем е што незгодата се случи во период од денот кога посетителите се враќаат од плажа. Во возилата во колоната има многу деца.

Полицијата прави напори да се расчисти сообраќајниот метеж.


ОhridNews