По автомобилите, во Франција ќе има ограничување и за моторите, и сето тоа е како последица од топлотниот бран што ја зафати земјата, но и Европа.

Францускиот министер за екологија, Никола Ило, ги повика моторџиите да ги почитуваат ограничувањата што вчера беа воведени кон автомобилите што ја загадуваат животната средина.

Истите ограничувања кои се однесуваат за автомобилите, ќе се применуваат и кај моторите. Во Франција денеска, според синоптичарите, се очекуваат повторно високи температури.

„Имаме нова ситуација. Треба да се прилагодиме на климатските промени и да продолжиме да се бориме против нив со цел да не доведеме до ситуација да овој феномен се интензивира“, ијзави Ило за радиото „Ероп1“.

OhridNews

Макфакс