Сите прволигашки фудбалски натпревари закажани за викендов во Норвешка, се откажани по бомбашкиот напад и пукотницата во кои животот го загубија најмалку 91 лице, соопшти Норвешката фудбалска федерација (НФФ).
Седум лица се убиени во експлозија на автомобил – бомба која се случи во центарот на Осло а најмалку 84 лица го загубија животот кога вооружениот Норвежанец Андерс Бехринг Брејвик отвори оган на островот Утеија за време на политичкиот собир на младите на владејачката Работничка партија на Норвешка.
„Во знак на сочувство кон сите кои се погодени од оваа незапаметена катастрофа , Норвешката фудбалска федерација реши да ги одложи фудбалските натпревари“, пишува во соопштението на НФФ.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com