Алјаска ја погодија рекордно високи температури ова лето што предизвика низа негативни последици врз живиот свет.

Во реките е забележан помор на риби, за која појава експертите веруваат дека е последица на екстремно високите температури на реката Кускоким, при што лососите веројатно претрпеле срцев удар. Лососите не се навикнати на температури над 20 Целзиусови степени.

Жителите на целиот регион Нортон Саунд пријавиле голем број мртви лососи, кои починале на патот кон мрестилиштето.