Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се најде на мета од спортската јавност поради организирање на тенискиот турнир „Адриа Купот“ на кој се рашири коронавирусот помеѓу тенисерите. Ѓоковиќ на критичарите им одговори со кратка порака на социјалните мрежи.

Бродовите не тонат поради водата што ги опкружува, туку поради водата што влегува во нив. Не дозволувајте тоа што ве опкружува да влезе во вас и да ве повлече на дното, – напиша Ѓоковиќ.

Прв кој се зарази беше бугарскиот тенисер Григор Димитров а потоа позитивни беа Борна Чилиќ, Виктор Троицки и сопругата, Ѓоковиќ и сопругата и членови од стручниот штаб на Димитров и Ѓоковиќ. Потоа вирусот се прошири кај Горан Иванишевиќ и спортска новинарка која соработуваше со Ѓоковиќ.

OhridNews