По повод 3 декември, Меѓународниот ден на хендикепираните лица, членовите на невладината организација „Порака Нова“ од Струга, во петок, ќе ги претстават досегашните стекнати вештини и искуства.
Финалниот фестивал на кој ќе бидат изведени сите вештини и активности, кои лицата со пречки во развојот ги стекнале во овој рекретативен центар, се дел од проектот „Дозволете да развиваме нови вештини “ финансиран од Европската Унија.
Финалниот фестивал ќе се одржи во конгресната сала на хотелот Дрим со почеток во 13 часот.












