Здружението Центар за подобрување на квалитетот на живот на лицата со интелектуална попреченост Порака Нова, на 3- ти декември Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби ќе одбележи 30 години од основањето. Прославата ќе се одржи во хотел Дрим во Струга со почеток во 13 часот.

Струшкиот Центар „Порака Нова“ е формиран во 1984. Во него се одржуваат повеќе активности преку кои лицата кои го посетуваат центарот се  стекнуваат со вештини и самодоверба, со цел  да знаат како да се заштитат во одредени животни ситуации.