Поранешниот кошаркар на Црвена Ѕвезда, Мајкл Оџо денеска почина како последица од срцев удар добиен среде тренинг во Белград. 27-годишниот кошаркар итно бил пренесен во болница, каде докторите констатирале смрт.

КК Црвена Ѕвезда со голема тага и жалење ја известува јавноста дека нашиот поранешен кошаркар Мајкл Оџо изненадувачки почина и не напушти засекогаш. Смртта на Оџо не погоди сите. Тој беше голем човек и прифатен како наше дете од доаѓањето во Црвена Ѕвезда – се вели во соопштението од клубот.

Соработкатата на Оџо и Црвена Ѕвезда заврши во јуни годинава. Кошаркарот останал во Белград со цел што подобро да се подготви и да најде соодветен клуб каде ќе ја продолжи кариерата. Оџо во „црвено белиот“ дрес освои три титули.

OhridNews