Како што информираат од СВР Охрид, пријавениот, во текот на 2008 и 2009 година, со искористување на службената положба и со неизвршување на должните службени обврски, спротивно на плановите за јавни набавки, на приватна фирма од Скопје и овозможил против-правна имотна корист на име провизија по услуги во износ од 1.891.169,оо денари или 30.750 евра. Со тоа, била оштетена сметката на Факултетот за 1.291.324,55 денари или 20.997 евра.
Пријавениот со повреда на законските прописи за судир на интереси и со несовесно постапување, донесол решение со кое го ангажирал сопствениот син како професор на институтот „Пјетер Буди„ во Приштина со кој ФТОН имал склучено договор за изведување постдипломски студии. Тоа го направил, иако знаел дека неговиот син не е вработен на Факултетот сепак му договорил работно ангажирање и му овозможил стекнување на материјална корист од незаконит работен ангажман. Пријавениот, исто така, сопствениот син го ангажирал и во комисијата за признавање на испитите на Факултетот кој со свој потпис заверувал пријави за положени испити на ФОН. Пријавениот, работното ангажирање на неговиот син го направил иако за тоа немало одлука од Наставно научниот совет на ФТОН, соопшти СВР Охрид.
извор: СВР Охрид