Поранешен соиграч од „златната“ генерација на Интер ќе му биде нов тренер на Горан Пандев во Џенова. Палката во клубот ја презеде Тијаго Мота.

Бразилецот со италијански пасош на позицијата тренер во Џенова доаѓа на местото од Аурелио Андреацоли кој доби отказ после серијата лоши резултатите. Мота кој е екс играч на Џенова со клубот потпиша договор до крајот на сезоната со можност за продолжување на уште две дополнителни сезони.

Мота и Пандев имаа повеќе од успешна соработка во дресот на Интер. Двоецот беше еден од клучните алки во мозаикот на португалскиот стручњак Жозе Мурињо во освојувањето на тројната круна во 2010 година.

Мота деби на клупата од Џенова ќе има против Бреша на домашен терен.

OhridNews