Жена била пронајдена мртва во стан на улица „Сирма Војвода“ во Охрид. Полицијата го истражува случајот.
Вечерва пронајдено е безживотно женско тело во стан во Охрид. Во моментов се врши увид на местото на настанот. – изјави за OhridNews портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

Што точно се случило и како настанала смртта кај поранешната припадничка на полицијата, засега не се знае. Одговор на сите овие прашања треба да даде истрагата која е во тек.
Г.М.











