Поранешни ракометарки од Струга повторно се вратија на терен и формираа ветерански тим на ЖРК „Стружанка”. Дел од нив се и поранешни репрезентативки на Југославија и Македонија во ракомет.

Кога дознавме дека ветерански екипи настапуваат во поранешните југословенски простори, ни дојде идеја да се собереме, секој што има желба, секој што сака повторно да се врати на ракометот и да учествуваме на ракометни турнири низ поранешните југословенски простори, вели Снежана Крстаноска Попин.
Ракометарките имаат настапувано на турнири во Турција, Кипар, Босна и Херцеговина, од каде се вратиле со бројни награди и трофеи, а следен предизвик им е Европското првенство за ветеранки во Португалија кое ќе се одржи од 18 до 21 јуни 2026 година.
Почнавме да играме ракомет и на плажа, што е многу интересно и ново за нас, и видовме дека и во тоа сме успешни. Сега добивме покана да играме на Светското првенство за ветеранки во Хрватска и на Европското првенство за ветеранки во Португалија. Не поканија и повторно во Кипар да играме ракомет на плажа, а имаме покана да одиме и во Холандија. Ова е веќе на некое светско ниво, вели Венера Јоноска.
Ракометните ветерански се жени кои се професионално реализирани во различни сфери и сакаат да бидат инспирација за нивните наследнички. Да се тренира ракомет велат е важно за дисциплината, почитта, дружењето.
Највозрасната рекометарка во нивната екипа има 56 години, а до неодамна најстарата имала 62 години.
OhridNews












