Откако стана јасно дека Робин ван Перси ќе го напушти тимот на Арсенал најзагреани за неговите услуги беа Јувентус и Манчестер Јунајтед. Тогаш, ван Перси му се јавил и побарал помош од екс репрезентативецот на Холандија, Едвин ван дер Сар.
Голманот повеќе го префирал Манчестер Јунајтед за кој му говорел 55 минути додека за Јувентус Ван дер Сар издвоил само пет минути.
Дека изборот на Ван дер Сар е точен се покажа фактот дека Ван Перси во три настапи за Манчестер Јунајтед во Премиер Лигата постигна четири погодоци.