Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Мирсад Јонуз својата тренерска кариера ќе ја продолжи во Кипар во тимот Неа Саламина.

Јонуз две години беше селектор А репрезентација, а пред шест години ја водеше селекцијата до 21 година. На клупски план Јонуз шеф на стручен штаб беше во Работнички и Победа.

Мх.П.