Неизвесно е што ќе се прави со уредените плажи на потегот од Лагадин до Пештани, за кои и на повторениот јавен оглас немаше заинтересирани. На електронското надавање што се одржа во петокот само  три од понудените 11 плажи во Охрид и општина  Дебрца добија сопственици.

Повеќе од половина поранешни концесионери кои стопанисуваа со плажите во изминатите пет години не испратија понуди на јавниот оглас. Според најавите најверојатно нема да  биде распишан нов оглас за неиздадените плажи, но не се знае дали ќе бидат урнати шанковите и времените објекти поставени таму, на што се противат поранешните концесионери.

-Бидејќи ние не учествуваме на огласот, а не верувам дека под овие услови некој ќе конкурира, апелираме до државата да не ги урива плажите и истите бесплатно да може да ги користат граѓаните, изјави Илија Џепароски, поранешен концесионер на плажа.

Претходно исто така на јавен оглас државата под краткорочен закуп на пет години издаде уште пет плажи во населбата Канео, односно кај Студенчишко блато.

OhridNews