
Порастот на индексот на трошоците за живот од 0,2 отсто во јули 2014 година, во споредба со претходниот месец, е резултат на повисоките индекси на свежото овошје за 5,08 отсто, лебот и белите печива за 1,3 отсто, чоколадните производи за 0,7 отсто и сувото овошје за 0,6 отсто.
Пораст на индексите на трошоците за живот е забележан и кај тутунот за 5,5 отсто, електричната енергија за домаќинствата за 3,6 отсто, гасот за домаќинствата за 2,7 отсто, цвеќињата и услугите за сместување за 2,4 отсто, течните горива и мазива за 2 отсто, течните горива за домаќинствата за 1 отсто, лековите за 0,9 отсто, велосипедите и пијалаците во рестораните и хотелите за 0,3 отсто.
Намалување на индексот на трошоците за живот во јули, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежиот зеленчук за 8,3 отсто, меленото жито за 4,1 отсто и конзервираната риба за 1,1 отсто.
OhridNews












