Првата недела после укинувањето на речиси сите  рестрикции во Англија поврзани со пандемијата од коронавирусот е забележана со пораст на новозаразени, недостиг во супермаркетите и хаос во системот со апликацијата за самоизалација.

Терасите и стадионите може да се отворат во полн капацитет, дискотеките ќе работат повторно и повторно е дозволено да се седи на шанк во пабовите  и нема повеќе ограничувања на број на луѓе. Носењето на заштитни маски повеќе не е задолжително, но е препорачливо во јавниот превоз, а и во дуќаните, а повеќе не се повикува на работа од дома, но премиерот Борис Џонсон и понатаму повикува на внимателност.

Според советникот во Владата Неил Фергусон, речиси е неизбежно бројот на новозаразени да достигне до сто илјади во ден и илјада хоспитализирани.

Полиците во супермаркетите се празни, имено, голем број на работници во маркети и шофери кои вршат достава се во самоизолација поради контакт со заразен.

Многу продавници се борат со недостаток на персонал, а некои ланци на супермаркет морале да затворат одреден број на продавници, нешто што не се случило во досегашните три карантини.