Стапката на смртност од рак на грло на матка во Р. Македонија бележи пораст од 1,5 на 100.000 жени во 2011 година на 4,1 проценти во 2014 година, предупредуваат граѓанските организации. Спроведените анализи зборуваат за проблемите во однос на пристапот на жените до гинеколошката здравствена заштита и мерките од Програмата за скрининг на рак на грло на матка, велат од невладините.
-Овие услуги се од пресудно значење за унапредување на здравјето на жените, особено земајќи во предвид дека. Буџетот на Програмата за скрининг на рак на грло на матка на Министерството за здравство секоја година се планира во ист износ, а во текот на фискалната година е предмет на чести измени и намалувања. Со оваа програма се планира опфат на само околу 8% од целната група на жени. Во 45 општини во Р. Македонија нема ординација со матичен гинеколог, а во 20 општини нема доволен број на матични гинеколози. Во исто време, во реализација на скринингот се вклучени 90 од 138 матични гинеколози. – посочуваат од Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на РМ – ЕСЕ.
Оттаму додаваат дека со предложените измени и дополнувања на буџетот Владата на Р. Македонија во месец јуни 2016 година, предлага буџетот на Програмата за рана детекција на малигни заболувања да се намали за 4 милиони денари.
OhridNews