– Одигравме добар меч, на кој подобра екипа победи. Во преостанатиот дел до почетокот на шампионатот ќе ги поправиме грешки и спремни ќе ги дочекаме нашите предизвици – истакна Бочески.
Тренерот на Ренова, Ќатип Османи потенцираше дека е многу задоволен од играта, а пред се во одбраната која ги издржа налетите на расположените кичевчани за игра.
– Против Напредок одигравме прав прволигашки натпревар. Во мечот се снајдовме подобро, бевме помотивирани и сето тоа ги искористивме да забележиме победа – рече Османи.
Ренова до в четврток останува во Охрид, а од в петок тренинзите “гипсарите“ ќе ги одработуваат во Тетово.