Реконструираната екипа на ГФК Охрид загуби во контролниот натпревар од Трајал Крушевац 0:2.

Натпреварот се одигра вчера на СРЦ “Билјанини извори”, во рамки на подготовките на двете екипи пред стартот на новата фудбалска сезона.

ГФК Охрид летово се засили на повеќе позиции и со големи амбиции влегува во новата сезона во Втората фудбалска лига во која амбициите на клубот се пласман во најсилната Прва лига.

Г.М.