Кошаркарите на Охрид загубија на отворањето на плеј-оф фазата во Првата лига.

Попладнево во салата “Билјанини извори” ГКК Охрид загуби од КК Соколи Штип 55:75.

Првото полувреме донесе израмнета игра во која екипите поделија по една четвртина. Клучната разлика гостите ја направија во третата четвртина кога стигнаа до двоцифрена предност.

Со две тројки на крајот од третата и почетокот на четвртата четвртина и неколку пресечени топки Охрид го преполови заостатокот на -10, но тоа беше се од домаќинот.

Соколи ја консолидираа играта и на крај стигнаа до убедлив триумф од 20 поени разлика.

Г.М.