Ракометарките на Лихнид претрпе пораз од Вардар СЦЈС 20-16 (14-9) во дербито во 4-та рунда од кадетската лига.
„Китовите“ прв пат сезонава го почуствуваа горчливиот вкус на поразот по трите победи во серија од стартот на шампионатот.
Охридските ракометари добро го започнаа натпреварот, но застанаа, а домаќинките го искористија тоа и направија предност до првиот дел која ја задржаа до крајот на мечот.
Во петтата рунда од првенството „китовите“ на домашен терен ќе ги одмерат силите со тимот на Преспа Нова.
Фото: РК Вардар
OhridNews