Македонската кошаркарска репрезентација претпре пораз 50:55 (10:14, 13:15, 8:18, 19:8) од репрезентацијата на БиХ во првиот меч од турнирот “Екс-ЈУ“ што се игра во Словенија.


Иако првиот од неколкуте теста за избраниците на Докузовски не заврши како што посакуваваме, имајќи во предвид дека кај “црвено-жолтите“ не настапија Гечевски и Бо Меккалеб кој само неколку дена тренира со екипата, може да се биде задоволен.

Дополнителен проблем на мечот беше тоа што капитенот Антиќ многу рано поради пет фаули ја напушти играта, па така изостана и неговиот вообичаен учинок.


Николовски кој доби поголема минутажа, возврати со 13 поени, додека В.Стојаноски уфрли 10. Најефикасен на мечот беше Телетовиќ кој постигна 19 поени.

Во вториот натпревар Македонија утре од 18 часот игра со репрезентацијата на Србија.

М.П.