Ракометната селекција на Србија со 30-28 (13-15) ја совлада Македонија и го нанесе вториот пораз во подготвителните натпревари за престојното Европско првенство во Данска.


Избраниците на македонскиот селектор Ивица Обрван имаа маестрален почеток и стигнаа до предност од шест погодоци (11-5). Но, тука некаде подзастанаа и им дозволија на гостите до крајот на полувремето да стигнат до -2 (15-13).

Во второто полувреме подолга клупа на Србија се покажа како клучна. „Орлите“ наметнаа брзо темпо кое македонските ракометари неможеа да го издржат и загубија на последниот натпревар пред континенталниот собир во Данска.

Стартот на европскиот ракометен шампионат е за една седмица, а „фалангата“ европската одисеја ќе ја започне против домаќинот Данска.

Мх.П.