Македонската кошаркарска репрезентација со пораз од Латвија 85-69 ги заврши подготвителните натпревари за престојното Европско првенство.
Комбинираниот состав со кој му се спротистави селекторот Марјан Србиновски на противникот имаше сила само за едно полувреме.
Во вториот дел кошаркарите имаат мал блесок кога успеаја да се вратат во игра, но веднаш домаќините возвратија и го спроведоа мечот во мирен финиш.
До почетокот на Евробаскетот има уште шест дена. Првиот меч Македонија го игра против Грција во 18 часот.
Ohridnews во соработка со кафе-барот Шила за престојното ЕП ќе ги наградува и изненадува читателите.
Ohridnews












