Репрезентацијата на Македонија со пораз од Грција 85-65 (16-23, 15-15, 19-21, 15-26) го започна петтото учество на Европските првенства во кошарка.
„Црвено жолтите“ без страв и респект кон противникот го започнаа премиерниот меч на ЕП и поведоа со 7-1.
По минутата одмор грците се консолидираа и со серија од 14-2 го презедоа водството кое го одржуваа до крајот на првиот дел.
Во третата четвртина избраниците на Марјан Србиноски се вратија во игра, но не го задржаа темпото на игра и не успеаја да ја намалат негативата.
Квалитетот на грците и долгата клупа излезе на површина во последниот квартал од натпреварот.
Лесните кошеви им дозволија комотна победа на грците додека Македонија одигра солиден натпревар против еден од главните конкуренти за златното одличје на Евробаскетот.
Вториот натпревар на ЕП, Македонија го игра во недела во 15 часот против Холандија која во првиот меч славеше против Грузија.
Мх.П.











