Македонската кошаркарска репрезентација со пораз од Косово 72-68 ги започна претквалификациите за пласман на Мундијалот 2019 година.

Избраниците на селекторот Јорданчо Давитков одиграа две различни полувремиња. Во првиот дел нашите кошаркари делуваа инфериорно и со негатива од 20 поени заминаа одмор.

Добрата игра во вторите 20 минути не ја надополни негативата од првиот дел и „црвено жолтите“ со пораз ги започнаа претквалфиикациите.

Поентерски во нашата селекција се истакна Џордан Теодор кој реализираше 22 поени, а пет помалку постигна Војдан Стојановски. Во домашниот состав најпрецизен со 28 кошеви беше Бериша.

Македонија вториот меч од претквалфикациите го игра в сабота на домашен терен против селекцијата на Естонија.

OhridNews