Ракометарите на Металург го претрпија вториот пораз сезонава во регионалната СЕХА лига, откако изгубија од Војводина во Нови Сад 21-19.
Иако поразот резултатски е тесен домашните ракометари доминираа во текот на целиот натпревар и не му дозволија на „металурзите“ надеж за поволен резултат.
Победата над Металург е прва сезонава за ракометарите на Војводина, додека избраниците на Лино Червар имаа половичен скор по четири одиграни мечеви.
Шанса за поправен во СЕХА лигата ракометарите на Металург ќе има домашен терен против хрватскиот Загреб.
OhridNews