Недисциплираната игра во одбраната и нападот, кошаркарите на Тетекс го казнуваа. На агресивната одбрана на домаќинот кошаркарите на Лихнидос немаа одговор, што поразот беше неминовен.
Капак на лошиот меч за охриѓани стави техничката грешка на Ренато Димитриевски, петте лични на Митрески и партија под очекувањата од Христовски и Челик.
Во наредната рунда кошаркарите на Лихнидос на домашен терен го пречекуваат тимот на Гевгелија.