Македонската “А“ кошаркарска репрезентација со пораз од домаќиниот Италија ги започна натпреварите на “Torneo Mandela Forum“ во Фиренца. “Аѕурите“ предводедни од НБА звездите Барњани и Белинели славеа со убедливи 83:60 во натпревар кој во целиот свој тек гo диктираа темпото.
 


Стојаноски во дуел со Белинели

НБА звездите беа и најпрецизните на мечот, Белинели постигна 14, додека Барњани  уфрли 13 коша. Во македонскиот табор, Антиќ со 11 и Стефанов со 10 поени беа единствените кои мечот го завршија со двоцифрен борј на поени.

Денес ќе играме со Бугарија, додека на последниот меч в недела „црвено-жолтите“ се среќаваат со селекцијата на Полска.

Ohridnews